Јаневска: Учениците имаат помалку часови од врсниците во ЕУ

by irena 11:52
11:52

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека е задоволна што грипот не достигна поголеми размери и што учениците денеска без одлагање го започнаа второто полугодие од учебната 2025/2026 година.

Пораката на министерката следува откако деновиве во јавноста беше актуелно прашањето дали ќе се продолжи зимскиот распуст поради пораст на бројот на заболени од грип.

Во гостување на Македонската радио-телевизија, Јаневска истакна дека во образовниот систем е неопходно да се воведе поголем ред, имајќи предвид дека учениците во земјава и онака поминуваат помалку време на настава.

-Нашите ученици до 15 години имаат 900 часа помалку од нивните врсници во Европската Унија, чии стандарди ние сакаме да ги достигнеме и во кој клуб сакаме да се приклучиме. Но, ние, повозрасните, и родителите треба да знаат дека е неопходно да се почитува редот во образованието – додаде Јаневска.

Учениците денеска го почнаа второто полугодие од учебната 2025/2026 година, по тринеделниот зимски распуст.

Слични вести