Квотите за упис на студени во прва година на сите универзитети во земјава намалени се за околу 2.000 места, особено за струките кај кои се јавува поголема невработеност поради заситеноста на пазарот на труд.
Како што вели министерката за образование и наука Весна Јаневска во интервју за МИА, главно намалени се квотите за упис на струките бизнис-администрација, јавна администрација, како и дел од студиските програми на економските, правните и медицинските факултети, бидејќи кај овие струки, вели таа, се јавува поголем број невработени.
-За разлика од тоа, останаа речиси идентични техничките струки, информатиката, машинството, градежништвото, таму е вработливоста на одлично ниво и достигнува некаде до 98-99 проценти – вели Јаневска за МИА.
Министерката е уверена дека сите студенти ќе си го најдат местото каде што сакаат да студираат.