Ја тепал и ја заклучувал вонбрачната сопруга – тетовец заврши зад решетки

by irena 13:10
13:10

МВР информира дека вчера во 13:16 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Џ.Р.(41) од тетовско.

Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 38-годишна вонбрачна сопруга, дека на 25.09.2025 во семејниот дом физички ја нападнал и ја заклучувал во домот.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава, соопшти МВР.

Слични вести