По Основното јавно обвинителство, и Министерството за внатрешни работи излезе со детали за синоќешниот настан во Прилеп, каде 62-годишник смртно ги застрела внукот од сестра, и неговиот 13-годишен син, по што се самоуби.
Полициски службеници направиле проверка во неговиот дом, но никој не ја отворил вратата, по што по наредба на јавен обвинител, полцијата со употреба на сила ја отвориле вратата, а во моментот кога влегле внатре, едно лице фрлило експлозивна направа кон нив која почнала да чади, но не експлодирала.
Откако полициските службеници излегле од куќата, убиецот започнал да пука кон нив, при што тие возвратиле со пукање од службено оружје кон куќата.
„ Денеска (13.07.2025) во 01.35 часот од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт како последица од повреди од огнено оружје кај П.Ч., П.Ѓ. и 13-годишен малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Претходно, од Основното јавно обвинителство информираа дека причина за крвавиот пир на убиецот кој потоа си го одзел животот се семејни недоразбирања и нерасчистени имотни прашања. Откако го извршил грозоморниот чин, мотивите за стореното дело ги објавил на социјална мрежа.