Извештај за пожарите: активни уште 10, под контрола се 4

by irena 23:18
23:18
Центарот за управување со кризи вечерва објави Извештај за пожарите на отворен простор за состојбата до 21:30 часот. Од вкупно 52 пожари, активни се уште 10, под контрола се  4 и изгаснати биле 38 пожари.
Во моментот активни се пожарите на следните места: Прилеп – с. Бешиште, Бешишки Рид (мешана шума), Македонски Брод 1 – помеѓу с. Црешнево и с. Локвица (дабова шума и грмушки), Македонски Брод 3 – с. Рамне (ниска вегетација, од фабриката Самоков), Македонски Брод 4 – с. Слатина (мешана шума), Македонски Брод 5 – с. Ковче (мешана шума), Велес – с. Џидимирци (ниска вегетација), Чашка – под Солунска Глава (чад во карпест дел, шумски пожар), Желино – с. Ларце (друга локација, мешана шума), Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума) и Виница – с. Драгобраште (нискостеблеста шума)
Пожарите кои се под контрола се наоѓаат на следните места: Кочани – Бабиште, меѓу Јастребник и Полаки (ниска вегетација и мешана шума), Делчево – Градска депонија Острец, Старо Нагоричане – с. Алгуња (нискостеблеста шума) и Крива Паланка – с. Градец и с. Лозаково (борова, дабова и багремова шума).
Изгаснати пожари се 38 и тоа на следниве места: Прилеп (5) – Веселчани, Ново Лагово, Забрчани, Црн Бор, Лажани, Крушево – Градска депонија, Могила, Велес (4), Росоман, Кавадарци, Свети Николе (3), Јегуновце, Желино, Теарце, Гостивар, Радовиш, Ново Село, Пробиштип (3), Берово, Куманово (10) – Карпош, Гранд Оил, Пуковско, Романовце, Палестина, Табановце, Средорек, Бело Брдо, патарина Романовце, Никуњски Пат, Ранковце – Милутинци, Кратово – Куклица.

Слични вести