Израелски извори: Високи претставници на Трамп разговарале со претседателот на иранскиот парламент

by jadranka 19:17
19:17

Највисоките претставници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, разговарале со претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, објавија израелските медиуми, повикувајќи се на официјални израелски извори. Калибаф, близок сојузник на убиениот командант на IRGC, Касем Сулејмани, кој бил вмешан во насилно гаснење на протести, се појавил како водечки носител на одлуки во воено време откако високите ирански функционери биле елиминирани во израелско-американската кампања против Иран, објави „Тајмс оф Израел“.

Претходно, Трамп тврдел дека САД разговараат со истакната личност и лидер во Иран, без да го открие неговиот идентитет. Веднаш по овие тврдења, профил на социјалната мрежа X, кој припаѓа на Калибаф, објавил дека не се воделе никакви преговори со САД.

Исто така, се наведува дека „лажни вести“ биле користени за „манипулација“ на нафтените пазари, додека иранскиот народ бара „целосна и покајничка казна за агресорите“.

Но, дека имало директни контатки потврди и британскиот премиер Кир Стармер. Тој изјави дека Обединетото Кралство во последните денови било запознаено со разговорите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран.

Обраќајќи се пред пратениците, Стармер рече: „Да бидам јасен пред комитетот, бевме свесни дека тоа се случува“. Тој истакна дека моменталниот приоритет е брзо решавање на конфликтот и постигнување договор преку преговори, кој би вклучувал строги услови за Иран, особено во врска со нуклеарното оружје.

Сепак, предупреди дека не треба да се создава „лажно чувство на сигурност“ во очекување на брз крај на војната.

Нагласи дека, иако фокусот ќе биде на брза деескалација, Обединетото Кралство мора да планира и за можноста конфликтот да трае подолго време.

Слични вести