100
Две товарни возила се оштетени во пожар што ноќеска избувна на плац во Битола, информира МВР. Полицијата информира дека случајот е пријавен утринава околу 03:40 часот.
Пожарот избувна на плац во сопственост на правно лице, а опожарени се товарните возила „фиат“ и „ивеко“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на Н.С. од Битола.
Огнот зафати и бандера со електрична инсталација, а го изгаснаа екипи на Територијалната противпожарна единица Битола.
Во инцидентот нема повредени.