2
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против В.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, соопштија од МВР.
Пријавениот, документарист во Отсек за статистика и документирање во ЕВР Кисела вода при СВР Скопје, на 18.03.2026 преку мобилна апликација испратил пораки со заканувачка содржина на лице од Скопје поради претходно недоразбирање со неговиот син.
Одделот за внатрешна контрола против пријавениот ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка – суспензија.