Италијанскиот фудбал поминува низ тежок период. По болното елиминирање во плејофот за Светското првенство против Босна и Херцеговина, следеа бројни оставки.
Така, покрај претседателот на Федерацијата – Гравина оставка поднесе и директорот на репрезентацијата, Џанлуиџи Буфон, како и Џенаро Гатузо како селектор.
Името на Паоло Малдини се појави како водечки кандидат за водење на реформите во италијанскиот фудбал, што го поддржува и министерот за спорт, Андреа Абоди.
Здружението сега бара човек кој е способен да го ревитализира системот и дополнително да го фокусира на развој на млади играчи.
Инаку, и Малдини беше бесен по елиминацијата на Италија од БиХ во Зеница.
„Кога го носиш дресот на Италија, носиш историја, одговорност и гордост со себе. Не е само било која репрезентација – тоа е една од најголемите во историјата на фудбалот. Пропуштањето на едно Светско првенство е предупредување. Пропуштањето на две е криза… Но, три по ред се целосен дебакл“ рече Малдини.
Поранешната фудбалска ѕвезда на Милан ги истакна клучните проблеми на „Аѕурите“.
„Во мое време, талентот беше важен, но менталитетот беше сè. Дисциплина, жртва, почитување на грбот… Тоа беа работи за кои не се преговараше. Денес не гледам исто ниво на глад. Не гледам играчи кои се подготвени да дадат сè за дресот… Поразот од Босна не е само резултат, туку е одраз на подлабок проблем. Без идентитет, без гордост и без одговорност, Италија повеќе не е Италија“, заклучи тој.