Индискиот премиер Нарендра Моди слета во Загреб, каде што попладне се сретна со својот хрватски колега Андреј Пленковиќ, а навечер со претседателот Зоран Милановиќ. Ова е прва посета на индиски премиер на Хрватска.
„Индија е еден од најважните партнери на Хрватска во Азија. Ова е историска, прва посета на индискиот премиер. Тоа е најнаселената земја во светот, (со) една милијарда и 440 милиони жители“, рече Пленковиќ на владина седница.
Тој ги опиша билатералните односи меѓу двете земји како добри и во „фаза на раст“, додавајќи дека Моди доаѓа во Хрватска по самитот на Г7 во Канада на негова покана. Се очекува претставниците на двете земји да потпишат серија меморандуми и билатерални договори во различни области, вклучувајќи земјоделство, култура и образование.
„Двете наши земји уживаат вековно стари блиски културни врски. Бидејќи ова е прва посета на индиски премиер на Хрватска, тоа ќе отвори нови патишта за билатерална соработка во области од заемен интерес“, напиша Моди на социјалната платформа X.
Индискиот премиер вечерва ќе се сретне и со претседателот Милановиќ во Пантовчак.