Официјален Техеран денес објави дека се спротивставува на создавањето коридор низ Ерменија, кој го поддржува американскиот претседател Доналд Трамп, а кој би го поврзал Азербејџан со Нахчиван, главниот град на Автономната Република Нахчиван, која е дел од Азербејџан.
Советникот на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, Али Акбар Велајати изјави дека Иран се спротивставува на отворањето на Коридорот Зангезур, кој го застапуваше Трамп како дел од мировната декларација потпишана вчера меѓу Ерменија и Азербејџан, а кој би го поврзал Нахчиванџ, главниот град на Автономната Република Нахчиван, со Азербејџан.
„Односите во овој регион не се ограничени само на две земји – Азербејџан и Ерменија. Геополитичките промени во Јужен Кавказ ги поместуваат и границите на Иран, па затоа имаме право да ги браниме нашите интереси на најрешителен начин. Спроведувањето на овој заговор ја загрозува безбедноста на Јужен Кавказ. Ние ќе ја заштитиме безбедноста на Јужен Кавказ, со или без Русија, но веруваме дека и Русија е против овој коридор“, изјави Велајати за иранската новинска агенција Тасним.
Тој додаде дека Зангезурскиот коридор не е само „земја“ што лесно може да се изнајми, туку е дел од државната територија.
Велајати предупреди дека проширувањето на американското влијание во овој регион може да резултира и со проширување на влијанието на НАТО во областа на Јужен Кавказ и рече дека официјален Техеран нема да го дозволи тоа.
Велајати рече дека воените вежби на северозападот од Иран ја покажуваат подготвеноста и решителноста на Исламската Република да спречи какви било геополитички промени.
„Овој коридор нема да стане премин на Трамп, туку гробишта за платениците на Трамп“, рече тој.
Лидерите на САД, Ерменија и Азербејџан, Доналд Трамп, Никол Пашинјан и Илхам Алиев, во петокот потпишаа заедничка декларација за мирно решавање на конфликтот меѓу Ереван и Баку.
Еден од постигнатите договори е, како што објави РИА Новости, проектот „Трамповиот пат за мир и просперитет“, кој, меѓу другото, има за цел да обезбеди транспортни врски меѓу Азербејџан и неговата Нахчиванска Автономна Република преку територијата на Ерменија.