Или ќе имаме многудетни семејства или ќе ни требаат странски работници, рече Мицкоски

by irena 15:45
15:45

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека намалувањето на наталитетот и потребата од странска работна сила се тесно поврзани со иднината на македонската економија. Според Мицкоски, ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства, македонската економија ќе биде прва што ќе биде на удар.

Тој нагласи дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

„Јас кога зборував пред една и пол-две години за семејни вредности, за фертилитет, тогаш ме направија дека сум заостанат, дека сум ретрограден, дека не знам што зборувам и што сè не прочитав за себе, но, за жал, тој предизвик останува и понатаму. И тоа што го укажуваше потпретседателот на Владата и министер за транспорт, можеби е и потценета вредност, можеби ќе ни требаат многу повеќе за да ја задржиме економската активност“, рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека во Западна Европа, за да се одржи нивото на економија и да има благ пораст на номиналниот бруто-домашен производ, потребно е секоја година да се даваат стотици илјади, па можеби и милиони работни дозволи за мигранти.

„Така што, колку и да сакаат да ме исмејуваат, јас ќе останам на оние семејни политики, на многудетни семејства и на политиките што значат иднина за Македонија како држава и нови работни места за македонскиот работник и поконкурентна македонска економија, која ќе расте“, додаде Мицкоски.

Слични вести