И пожарникари од Доброволното противпожарно друштво Кочани синоќа гасеа во Виница

by valentina 11:44
11:44

Доброволното противпожарно друштво Кочани минатата ноќ беше исправено пред еден од најголемите предизвици кога станува збор за урбани пожари. По барање на ТППЕ Виница, со 12 пожарникари и 3 возила интервениравме на големиот пожар кој избувна во фабриката Мак Прогрес во Виница, информираат од Доброволното противпожарно друштво.

-Нашите екипи останаа на терен до доцна во ноќта, со максимални напори за локализирање на пожарот и спречување на негово понатамошно ширење.

За жал, еден наш член при интервенцијата се здоби со изгореници од растопен шеќер. По укажаната лекарска помош е во стабилна состојба и пуштен на домашно лекување. Му посакуваме брзо и целосно закрепнување, информираат од ДПД Кочани.

Слични вести