Бугарин сакал да влезе во државата со пиштол и муниција

by valentina 12:17
12:17

Вчера бил уапсен бугарски државјанин на Граничниот премин Ново Село, бидејќи кај него биле пронајдени сигнален пиштол и муниција, информираа од МВР.

-На 06.09.2025 околу 15:10 часот на Граничен премин Ново Село, кон Р.Бугарија, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода Б.В.Г. (19) од Р. Бугарија. На прашањето дали има нешто да пријави, Б.В.Г. рекол дека нема ништо, но при преглед на возилото „фолксваген голф“, со бугарски регистарски ознаки, кое го управувал, под возачкото седиште се пронајдени сигнален пиштол, една кутија од пиштол, три кутии со муниција за гасен пиштол, два ножа и други предмети. Известен е јавен обвинител и против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираа од МВР.

Слични вести