Фудбалската репрезентација на Македонија остана на 65-тата позиција на најновата ранг-листа на ФИФА, објавена по завршувањето на квалификациите за пласман на Светското првенство.
На ноемвриските натпревари, Македонија одигра 0:0 во контролниот дуел со Летонија, додека во последното коло од квалификациите доживеа тежок пораз на гостувањето во Велс со 7:1.
Шпанија и понатаму е водечка сила на светската ранг-листа, пред Аргентина и Франција. Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија, Германија и Хрватска го комплетираат првите десет. Репрезентацијата на Косово бележи историски најдобар пласман и се наоѓа на 80-тото место.
Најголем напредок овој месец имаат Малта, Узбекистан и Филипините – сите со скок од по пет места, додека Босна и Херцеговина напредуваше за четири позиции и сега е 71-ва.