Грозданоски го удрил и со раце го задушил Митрески, СВР Охрид поднесе кривична за убиство

by irena 16:11
16:11

СВР Охрид информира дека поднеле кривична пријава против Жарко Грозданоски од тетовското село Брвеница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Убиство” по член 123 од Кривичниот законик.

-Тој, на 25.03.2026 година околу 18.30 часот, во домот на К.М.(76) од Охрид, предизвикал вербална расправија по што, искористувајќи згодна прилика, физички го нападнал, а потоа со раце предизвикал негово задушување. СВР Охрид, по преземени мерки и координација со МВР и јавниот обвинител, вчера (27.03.2026) распиша централна потерница по што, во 17.20 часот во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, го пронајдоа сторителот и го лишија од слобода – велат од СВР Охрид.

(ВИДЕО) Осомничениот убиец во Охрид е истиот кој како лидер на „Христијанско братство“ пред седум години му се закануваше на екс премиерот Заев

 

Слични вести