103
Силното невреме што неодамна го зафати Скопје предизвикало штети и на Градските гробишта „Бутел“.
На повеќе гробни места се оштетени споменици и изместени надгробни плочи. Граѓаните тврдат дека при денешната посета не забележале активности за расчистување или санација на последиците.
„Не се оштетени само домовите. Голема штета има и на гробиштата. Денес таму немаше никој да расчистува или да санира. Ве известувам да отидете и да проверите дали и гробните места на вашите најблиски се оштетени“, стои во една од објавите.
Воедно, граѓаните бараат одговор од АД „Бутел“ – Скопје кој ќе ја надомести причинетата штета и кога ќе започне санацијата на оштетените гробни места.