Гоцева стража

by fokus

пишува: Јанаки МИТРОВСКИ

На четврти февруари ќе се навршат сто педесет и една година од раѓањето на несомнено најголемиот македонски национален деец Ѓорѓи Николов Делчев, попознат како Гоце Делчев. Неговиот животен пат и дело се општо познати во Македонија и многу пошироко. Не е тајна дека право, ако така може да се нарече, на Гоце Делчев покрај Македонија отворено полага и соседна Бугарија.

Постојат повеќе познати цитати на Делчев кои се пренесувале по писмен пат, но и преку народни преданија, неговите заложби за културен натпревар меѓу народите, неговата разочараност од одродите, но и јасната закана дека нема простор за странска чизма сѐ додека е тој жив и здрав. За жал бива предаден и убиен млад, на само триесет и една година. Веројатно предаден од близок како што е редот во нашата проколната историја.

Оваа годишнина од неговото раѓање е за многу поразлична од сите изминати. Оваа година сме насред налетот на фашистичко негирање на најосновното човеково право- самоопределување, правото ЈАС сам за себе да сум она што сум и она што сметам дека сум како и она што ЈАС сметам дека биле моите претци. Не е тајна дека оваа политика ја води соседна Бугарија, но со сесрдна помош на домашни квинслинзи.

Инвазивната бугарска политика кон Македонија и Македонците не само што никако да стивне туку и се повеќе зема замав. А и зашто не би земала замав кога нашите политички “елити” се познати давајгазовци. Имаме министер за надворешни работи кој не ги есапи домашните органи на прогон, туку верува на наш државјанин, кој не е ниту бугарски државјанин, ама баш кога го апсат за кокаин национално се освестгува.

Да дотурат сол на рана, покрај сите навреди, оваа година организирано ќе провоцираат и на гробот на Делчев. Да бидеме на чисто јас немам проблем било кој да отиде и да се поклони на гробот на великанот, впрочем бугарски граѓани и делегации тоа и го правеле децении наназад без никој во тоа да ги спречува.

Но, оваа година се наоѓаме во мошне специфична ситуација, во офанзива на бугарската фашизоидна надворешна политика која на перфиден начин ја користи привилегијата на членство во ЕУ и задачката на нашите политичари да испорачаат ЕУ членство со барања кои се неприфатливи за било кој нормален човек.

Од тие причини, кога народот е предаден/продаден од квази елитите нормално е дека се самоорганизира. На фејсбук профилот на Милош од Инфомакс видов иницијатива да на трети после работа се самоорганизираме со дваесет и четири часовна стража на гробот на Делчев, на која иницијатива се приклучија многу граѓани и секако партиски паразити. Нејсе, добредојден е секој на кој му е преку глава од мокрењето по нас од страна на фашистичките малокурци.

Апелирам на сите кои ќе бидеме присутни да се воздржиме од било какви физички конфронтации со дојденците од проста причина што тоа нема да ни донесе ништо добро сем што ќе ни нанесе штета. Но апелирам и на масовност со што ќе пратиме јасна порака дека НИЕ и ТИЕ историски НЕ сме на иста страна!

Има непотврдена информација дека наводно ќе биде дозволено присуство на бугарска полиција демек да ги штити провокаториве. Доколку ова се испостави како точно, да се посипеме со пепел бидејки тоа би било отворено признание дека држава немаме и остварување на нивниот влажжен сон-враќање на бугарската чизма во Македонија.Јас и мојот пријател, брат и соборец Драган Пешевски ќе бидеме присутни на позиција и НЕ МРДАМЕ!

Поврзани новости