Голем руски напад врз Киев

by irena 08:05
08:05

Украинските власти соопштија дека руската војска извршила напад врз главниот град.

Нападот се случил денеска во раните утрински часови.

Станува збор за бран на ракетни напади и напади со дронови. Погодени се повеќе објекти во различни делови на градот.

Министерството за одбрана на Русија засега не се огласило по повод овие удари.

Нападите започнале веднаш по полноќ, а украинските системи за противвоздушна одбрана биле активирани низ целиот Киев.

Градоначалникот Виталиј Кличко ги повикал граѓаните да се засолнат во засолништа.

До четири часот наутро, како што потврдија официјалните лица, повеќе објекти биле погодени во неколку последователни бранови на напади.

Сепак, како што пишува РТ, целите биле главно нестанбени објекти.

Слични вести