Голем пожар на грчкиот остров Тасос

by valentina 08:29
08:29

На грчкиот остров Тасос, во областа Гликада во близина на Лименас, синоќа околу 23 часот избувна огромен пожар.

На ова место гори повеќе од шест часа. Погодени се областите на Пахи и Рахони.

Пожарот избувнал синоќа недалеку од пристаништето во Лименас, се проширил брзо и е видлив дури и од Кавала, јавува грчкиот информативен сервис.

Пожарот зафатил голема шумска површина покриена претежно со борови дрвја, по кои е познат Тасос , и набрзо почнал да се шири кон запад, објавува Кавала Њуз.

Според грчките медиуми, изгореле многу маслинови дрвја и кошници со пчели.

Туристи во паника бегале од островот и предвреме го завршиле својот одмор. Првиот траект рано наутро од Лименас кон Керамоти исплови натоверен цел со патници. Патот од Пахис до Лименас е затворен.

Поради огромниот пожар на Тасос, се огласи и градоначалникот Лефтерис Киријакидес, повикувајќи ги луѓето да не паничат.

„Ве молам престанете со публикации што шират паника. Тие создаваат паника кај жителите и посетителите без никаков значаен резултат. Целиот Тасос е обединет на првата линија на битката. Потребна е мирна и координирана акција“, напиша тој на својот Фејсбук профил.

Слични вести