Активни девет пожари, под контрола четири

by valentina 08:18
08:18

Активни се девет пожари на отворен простор заклучно со седум часот утринава, од вкупно 63 во текот на вчерашниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Под контрола се четири пожари, еден е локализиран, а 49 се изгаснати.

ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Чучер Сандево – Блаце, каде е зафатена ниска вегетација, во село Визбегово во Шуто Оризари каде гори депонја, во Прилеп – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид, мешана шума. Во пожари во Македонски Брод, се зафатени дабова шума и грмушки, помеѓу с. Црешнево и с. Локвица, ниска вегетација, пожар проширен од фабрика „Самоков“ во с. Рамне, како и мешана шума во селата Слатина и Ковче. Исто така во општина Чашка, под Солунска Глава, м.в. Изворите на Бабуна и Бабина Дупка, чад во карпест дел, а гори и нискостеблеста шума во село Николиќ во Дојран.

Локализиран е пожарот во Кочани, м.в. Бабиште, помеѓу с. Јастребник и с. Полаки, со кој се зафатени ниска вегетација и мешана шума.

Според ЦУК, под контрола се пожарите во Делчево на Градска депонија „Острец“, во Виница – с. Драгобраште (ниска вегетација и нискостеблеста шума), во Крива Паланка – с. Градец и с. Лозаково (борова, дабова и багремова шума) и во Желино – с. Ларце – различна локација (мешана шума).

Порад состојбата со пожарите во Владата синоќа заседаваше Кризниот штаб, а активиран е и европскиот механизм за помош во справување со пожарите.

Слични вести