(ФОТО+ВИДЕО) Арсовска објави слика од напаѓачот, протече и видео од инцидентот

by vlatko 20:34
20:34

Скопската градоначалничка Данела Арсовска на Фејсбук објави фотографија на која тврди дека се наоѓа лицето што ја нападнало денеска во Чаир, за време на увид при изградба на дивоградба.

„Првото лице од десно е лицето што физички ме нападна денес, да постапеа по заканите кога го објавив денес немаше со намера смислено да доаѓа и да ме удира“, напиша Арсовска под фотографијата, додавајќи дека лицето се вика Сулејман Љамалари.

Во меѓувреме, протече видео што го објавија одредени медиуми, со содржина дека видеото покажува оти Арсовска го започнала нападот.

Веднаш потоа, се огласи и Арсовска, тврдејќи дека видеото, според неа, го лиферувало МВР, а на него не се гледале боксовите и шамарите што и ги удрил напаѓачот.

Слични вести