(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Од денеска Скопје е „украсено по скопски“

Фото: Томислав Георгиев

by irena 19:07
19:07

Од денеска Скопје е „украсено по скопски“ – порачаа од Град Скопје.

Свеченото вклучување на новогодишното осветлување вечерва го направи градоначалник на Скопје – Орце Ѓорѓиевски.

Со свечено осветлување на елката на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје и со отворање на божиќниот маркет денеска почнува предновогодишното празнување во Скопје.

Секојдневно од 18 часот, до 31 декември, за граѓаните е подготвена богата празнична програма, со многу музички настани.

За најмладите се посветени викендите.

Според него, целта е Скопје да се позиционира како современа европска метропола со континуирана и разновидна празнична содржина за сите генерации.

Слични вести