Со поддршка на речиси сите советници на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Советот на Општина Центар неодамна го изгласа нацрт деталниот урбанистички план „Барутана“, чија првична верзија предвидува изградба на нови објекти на Водно.
Од една страна, општинската власт и администрација, како и планерската куќа што го изработи урбанистичкиот план по нарачка на компанија-сопственик на земјиште во рамки на опфатот, уверуваат дека тој се носи во вообичаена и регуларна постапка, со цел да се испочитува веќе стекнатото право на сопствениците на парцелите со претходниот план укинат од Уставниот суд, со тоа што, истакнуваат тие, се намалува површината за градба од 43.000 на 29.000 квадратни метри.
Од друга страна пак, ЗНАМ, Левица, „Шанса за Центар“ и други критичари предупредуваат дека ако ДУП-от биде усвоен во ваква форма, ќе треба да се исече шума од 9.000 квадратни метри за да никнат нови 25 објекти покрај постоечките 15, при што 24 се т.н. хациенди со површина од 700 до 1.000 квадрати, кои, според нив, многу лесно може да станат мини-згради со по 4 станбени единици.
Сепак, се чини дека најсуштинското прашање, што произлегува и од анкетните листови на жителите со кои располага „Фокус“, е дали реализацијата на овој план ќе претставува законско прекршување поради отстапување од параметрите на ГУП-от, но, пред се, дали тоа ќе предизвика опасност за Скопје и скопјани, од причина што се работи подрајче под влијание на ерозија?
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК