ИНТЕРВЈУ со проф.д-р Марија Љакоска: Ако не се променат условите, Македонија во 2050 година ќе брои само 1,3 милион жители!

by bogdan 11:41
11:41

Секој старт на учебната година, се отвора и со прашањето за – бројката на помалку запишани ученици, која се брои во илјадници.

Така и годинава, според она што се соопшти од Образование, ќе имаме 300 паралелки помалку. Ваквата алармантна ситуација дополнително ѝ дава тежина на демографската состојба на Македонија, во која, речиси, е неподелено мислењето, ако не се променат нештата, се движи кон „бездна“.

Што треба да се направи за да се сопре или да се забави таквото движење сега, а на среден или долг рок, со примена на квалитетни демографски, но и социо-економски политики, да се добие стабилност на бројката на тие што останале и имаат намера да останат да живеат на овој простор и во иднина.

На овие, но и на некои други прашања поврзани со популациската состојба и политика во Македонија, „Фокус“ разговараше со универзитетската професорка од Катедрата по географија на ПФМ во Скопје, д-р Марија Љакоска, чија потесна специјалност се токму демографските процеси и движења.

Проекциите на Државниот завод за статистика со варијантата „без миграции“ покажуваат дека без иселување во 2035 година би имале 1.759.020 жители наместо проектираните 1.531.757, што значи дека миграцијата ни „одзема“ речиси 230.000 жители.

Разговараше
Зоран ФИДАНОСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК