Знаењето е „слабост“, „ролексот“ е моќ!

by Фокус

Кога  шестчлена фамилија долго време живее во една соба, без струја, почнува да верува дека тоа е судбина. За други, пак, „ролекс“ часовниците се „судбинскиот“ статусен белег.

Така е во нашето (и не само нашето) општество.

Сѐ зависи од тоа колку „ксмет“ имаш, што би рекол народот. Да не нѐ „мразеше“ Европа и да немавме внатрешни непријатели, според „ударните“ медиуми, ќе бевме посреќни.

Овој патриотизам е само логична последица на сите натурени квазипатриотски вредносни норми, каде што силата и моќта во академијата се наоѓаат во раце со „ролекси“.

Учи за да не се мачиш – ги советуваа родителите децата. Не ни помислуваа дека уката ќе ја диригираат лоши ученици, приучени трговци, пазарџии и криминалци, кои се искалија во (наши) земјопоседници.

Пишува
Синоличка ТРПКОВА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”