Во 2020 година, во здравствениот сектор се реализирале 2.342 тендери со една понуда, додека четири години подоцна, поточно во 2024 година, таа бројка се зголемила на 3.374 тендери, што остава простор за голем ризик од корупција и директни последици врз пациентите.
На годишно ниво, над 160 милиони евра се доделуваат без конкуренција. Тоа е доволно голема сума да влијае врз целиот пазар на здравствени набавки и да го концентрира богатството и моќта кај мал број фирми.
„Фокус“ провери дел од клиниките и болниците што учествувале во тендерските постапки, а во кои само една компанија фигурира како единствен понудувач.
И покрај сè, тендерските мрежи продолжуваат да се плетат, бизнисите да цветаат, а болните да умираат.
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК