Алармот за „градежниот бум“ во најава се вклучи пред една недела, кога заврши 10-дневниот рок за доставување забелешки на „Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање градежни парцели со мешана намена: Традиционални куќи за потреби на туризмот (селски, планински, езерски), хотелски комплекси и трафостаница.
Досега речиси сите документи од надлежните институции се со зелено светло, освен во Планот за управување, во кој увид имаше „Фокус“, а во кој децидно е посочено дека во овој дел од Маврово, кој спаѓа во зоната за активно управување, не е дозволена изградба на нови објекти за туристички намени (хотели, ресторани, кампови и слично)!
Пишува
Валентина ВУРМО
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК