Водени топови за „народот што не знае да се заблагодари“

by Фокус

Толку даде сѐ од себе министерката за внатрешни да го спаси „угледот“ на партијата и премиерот со тоа што ќе скрие убиство за кое вели „и тоа се случува, сега ќе се вадиме“, а никој не ѝ рече „фала“.

Дури може да биде прогласена за „уморна“. Да не зборуваме колку, заедно со Јанакиески, Протоѓер, Мијалков и останатите од потенцијалниот список на „уморни“ кадри, се вложила да остане буџетот во рацете на партијата која најдобро знае со него да располага, со многу нервози и непроспиени ноќи за да се редат и слават изборни победи.

Зар лесно е да се сместат 50 „човечиња“ во стан од 40 квадрати или „да се вадат цигани за уши“?

Па, нормално дека тие што не помогнале во таа борба дека треба да бидат „сотрени“. Лесно ли е да се одреди кој е „наш“ покрај толку „комуњари“ и да се спастрат „списочиња“ од мерак во тефтерчето?

А премиерот? Па, тој толку посветено работел за народот и Македонија, што плац на Водно и тоа за џабалак, е најмалку што заслужил кога веќе никој не му рекол фала.

Пишува
Ида ПРОТУГЕР ВЕЉКОВИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”