„Фокус“ официјално ги побара и ги обезбеди целокупните податоци за регистрираните нелегални градби, кои сите општини во земјава, со исклучок на една, ги доставиле до државниот градежен инспекторат.
Според овие податоци, до единиците на локалната самоуправа биле поднесени вкупно 473.352 барања за легализација на дивоградби, од кои досега легализирани се 271.857 дивоградби (57 проценти), што значи дека 201.495 објекти или делови од објекти моментално имаат статус на дивоградба.
Ако се има предвид дека во земјава живеат помалку од 2 милиони жители, тогаш може да се извлече груб заклучок дека една дивоградба во просек му доаѓа на речиси секој четврти граѓанин, односно на секое четиричлено семејство.
Во рамки на оваа сторија, откриваме како се рангирани општините според бројот на примени барања за легализација, според процентот на легализирани дивоградби, како и според моменталниот број на дивоградби на нивна територија.
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК