Матни бизнис-зделки во здравството: Фирми што добиле бизниси тешки милиони евра во Македонија се под истрага во Албанија

by vlatko 00:00
00:00

Во 2019 година, Министерството за здравство распишува тендер за централна стерилизација, на кој учествуваа две странски компании, а договорот го доби група економски оператори – конзорциум составен од компаниите „Евита ШПК“ (лидер на групата), „Делта ПХарма – Ал ШПК“ и „Сервици Италија С.П.А“, кои согласно обврските од тендерската документација беа обврзани да се здружат и да основаат ново трговско друштво – „Скопстер ДОО“ Скопје.

Оваа компанија веќе шеста година е на бизнис-пазарот, но очигледно работата не ѝ оди како што треба. Намалувањето на болничките инфекции е блокиран процес, но затоа, пак, таа во моментов управува со пералницата на скопските клиники и постојано има финансиски проблеми.

Никна од нигде никаде, но затоа, пак, има јака поддршка од конзорциум. Тоа што е чудно, но и ако малку се прочепкаат странските фирми, случајно или не, се совпаѓаат со одредени фирми под истрага во Албанија, и тоа баш за стерилизација на медицинска опрема.

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК