Терористичка претстава со лоши глумци и режисери

by Фокус

Верзијата на МВР дека во понеделникот се случил напад на 40 вооружени врз караулата во Гошинце кои избегале на Косово, што претставува терористички чин врз Република Македонија, има повеќе дупки: за какви терористи станува збор кога не испорачаа никакво барање, ниту, пак, посеаја страв кај локалното население!

Како никој на Косово, држава со која имаме интензивна полициска соработка, не успеал да забележи 40 вооружени бандити? Зошто „терористите“ не зедоа заложници, зошто не испукаа ниту еден куршум во полицајците, туку само ги врзале со лисици и ги избркале од караулата?!

Зошто полицајците не се ни обиделе да се бранат!?

Како Македонија се бори против тероризмот, ако полицијата не интервенираше веднаш ноќта или рано утрото во Гошинце, туку дури 12 часа по настанот хеликоптери и оклопни возила театрално патролираа на теренот.

Зошто едни новинари и цивили се движеа во селото и околината, а МВР одвраќаше други новинари оти не било безбедно!?

Премногу случајности и премногу пропаганда со лош квалитет за да не се сомневаме во мотивите на власта да ја режира оваа драмолетка!

Пишува
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”