Прашањето повеќе не е само дали АФД некогаш ќе биде дел од германската влада. Прашањето е колку германската политика ќе се промени затоа што АФД стана толку силна.
Миграцијата, безбедноста, енергетиката, трошоците на зелената транзиција, одбраната и односот кон Русија веќе не можат да се третираат како теми на маргинална партија. АФД ги внесе во центарот на политичката дебата и ги принуди традиционалните партии да размислуваат како да го задржат својот електорат.
Ова е особено важно за украинската војна. АФД има значително покритичен став кон германската воена и финансиска поддршка за Украина и поповолен однос кон Русија од партиите што традиционално ја управуваат Германија. Доколку трендот продолжи, секоја идна германска влада ќе мора да го има предвид овој дел од електоратот, дури и ако АФД остане надвор од владата.
Пишува
Дејан АЗЕСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК