Дали власта ги расипува луѓето или само ги привлекува оние што веќе се расипани?

by bogdan 15:56
15:56

Ако сакаш да е производот евтин и квалитетен, нема да го добиеш брзо. Ако, пак, сакаш брзо и квалитетно, има да платиш низ нос.

Доколку ти треба нешто, ем евтино, ем брзо, не очекувај да биде изработено квалитетно. Слична невозможна тријада има и во политиката.

Функционерот може да е чесен, способен и лојален, и притоа само кои било две од карактеристиките се практично можни, но никогаш сите три.

Ако е чесен и способен, не е лојален. Ако е чесен и лојален, не е способен, а ако е способен и лојален, не е чесен.

Во таков случај, мора да избираме што сакаме од невозможната тријада, т.е. без која карактеристика кај функционерот може да поминеме без да ни биде неиздржливо.

Прва опција: глуп е, ама барем не краде и нема да нѐ предаде. Или, пак: го бива, не краде, ама не се знае кога ќе ни забие нож во грб. Конечно: си ја знае работата, никогаш нема да нѐ остави на цедило, ама краде без усул!

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК