Со сила, ниту диктатура, ама ниту демократија не може да опстане!

by Фокус

На сила може да се воведе и диктатура, а може да се воведе насилно и демократија. Диктатура со пуч или демократија со револуција, сеедно, и едниот и другиот модел со сила може да се инсталираат.

Ама да се одржат со сила не можат ни едното, ни другото. Народот мора да сака да опстане демократијата која еднаш (на кој било начин) ќе се воведе. Воедно, народот мора да сака и диктатурата да опстане за таа да опстане.

За да се излечи која било болест, таа треба првин правилно да се дијагностицира. Само со правилна дијагноза може да се одреди правилна терапија.

Проблемот со Македонија е што многумина се убедени дека терапијата ќе нѐ боли повеќе отколку што нѐ боли болеста.

А можеби токму тоа и е болеста. Имено, убеденоста дека терапијата е пострашна од болеста.

Пишува
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”