„Фокус“ ексклузивно дојде до обвинението за несовесно лекување на болните од карцином, распослано на повеќе од 30 страници, каде што во детали се опишува кој пациент, како бил лекуван, со кои терапии, како биле дозирани и колку од нив починале.
Со имиња и презимиња стојат сите пациенти што биле жртви на уништениот здравствен систем на клиниката. Според обвинението, прв на листата е поранешниот директор и онколог за дојка, Нино Васев, на кој на товар му се ставаат 29 пациенти, кои наводно биле погрешно лекувани.
Повеќето од нив починале. Сето тоа почнува во периодот кога Васев официјално станува и прв човек на клиниката, но пресудна е и биолошката и имуно терапија, која се воведува во тој период.
Од тоа што може да се забележи, користени се неколку видови имунолошка терапија, поточно постојано се вртеле неколку терапии, со оглед на тоа што поголем дел од страшните случувања се на Одделот дојка.
Но, користени се и доста лекови, кои воопшто немаат допирна точка со тој вид карцином, а се ставале кој, како и кога ќе стигне.
Тоа го покажува и обвинението покренато против четири онколози на клиниката, од кои екс директорот ја предводи листата.
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК