Изборни трофеи

by bogdan 09:33
09:33

Вкупниот број гласови на советничките листи, т.е. вкупниот број советници, вкупниот број градоначалници и вкупниот број градоначалници на т.н. големи општини, се параметрите според кои се мери успехот на локалните избори.

Па така, доколку една партија или коалиција триумфира во сите категории, тогаш може да се прогласи зa апсолутен победник.

Во спротивно, резултатите ќе бидат специфични и предмет на различна интерпретација, зависно од политичките потреби и интереси.

Притоа, учесниците на изборите особено таргетираат одредени општини, кои за нив имаат исклучително реално и симболично значење.

Ако победа во Кичево е изборниот трофеј што го посакува ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори, тогаш за СДСМ тоа дефинитивно е Куманово.

Што се однесува до албанскиот блок, најважна ќе биде битката во Чаир, каде што има директен судир меѓу ДУИ и ВЛЕН на највисоко ниво.

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК