Со нечиста вода не може да се измие лице, но може да се изгасне пожар!

by Фокус

Италијанците имаат една многу мудра поговорка која вели дека „со нечиста вода не можеш да си измиеш лице, ниту раце, ниту, пак, алишта да испереш, но со нечиста вода можеш без проблем пожар да изгаснеш“.

Оваа изрека Италијанците ја користат секогаш кога треба да оправдаат некоја прагматична одлука за користење на методи, средства и луѓе дури, со кои во нормални услови никогаш не би сакале да имаат контакт, но кои во ненормални услови, кога нема друго решение, ич немаат ни срам ни перде да ги употребат за да решат некој горлив проблем, исклучително незгодна ситуација изразена преку метафората „пожар“.

Во македонската политика никој подобро и потемелно од Никола Груевски не ја има сфатено и прифатено италијанскава изрека и не ја има подобро инкорпорирано во своето секојдневно политичко работење.

Ако му помага да ја зголеми и зацврсти својата власт, Пастирот ама баш од ништо и од никого не се гади.

Пишува
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”