Со години ме тепа, но власта го штити како пратеник на ВМРО-ДПМНЕ!

by Фокус

Четириесет и двегодишната битолчанка Гордана Наумовска е сопруга на пратеникот од дијаспората, Васко Наумовски од ВМРО-ДПМНЕ, актер на последниот инцидент во Битола, во кој беше физички нападната вработена во Центарот за социјални работи, која заврши во болница.

Во писмо од Австралија, каде што во моментов се наоѓа Наумовска, за „Фокус“ ја објаснува голготата што ја поминала изминативе 21 година, колку што е во брак со пратеникот.

Таа покренала бракоразводна парница, зашто, како што вели, не може повеќе да го издржи тепањето и психичкиот терор што ѝ ги прави нејзиниот сопруг.

За претрпеното семејно насилство, за траумите што ги доживуваат нејзините два сина, приложува многубројни документи – пријави до полицијата, лекарски потврди и извештаи, решенија на Центарот за социјални работи…

Наумовска се плаши дека нејзиниот живот и животот на нејзините роднини е во опасност!

Пишува:
Ирена МУЛАЧКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”