Додека односите меѓу Македонија и Бугарија, па може да се каже и меѓу Мицкоски и Радев, се карактеризираат со тензии, провокации и антагонизам, во јавноста се откри дека зад завесата, сепак, се водат одредени разговори за надминување на отворените прашања и разлики, со цел да се деблокира европскиот пат на земјава.
Прво, Муцунски рече дека „под радарот“ се водат разговори, чија содржина не може да ја открие за да не му наштети на процесот, а подоцна слична изјава даде и Сиљановска, која патем истакна дека постојат низа модалитети кои би овозможиле предвидливост на интеграцијата на земјава, наведувајќи дека ЕУ располага со механизми преку кои може да спречи блокади засновани на идентитетски прашања.
Притоа, таа изрази скептицизам кон предлогот на дел од експетрите, меѓу кои е Тилев, за т.н. внатрешни гаранции и своевидна законска заштита на македонскиот идентитет, велејќи дека досегашното искуство покажало оти не го почитуваме Уставот, а камоли закон.
Во меѓувреме, опозицијата тврди дека власта веќе го прифатила „францускиот предлог“ и прави терен таквата одлука да ја „продаде“ во јавноста.
Дали дискретно се водат конструктивни разговори или можеби на дело се спроведува специјална војна, во чии рамки, меѓу другото, се користи и пропагандата за ослабнување на противникот?
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК