Договорот беше плод на две недели долготрајни исцрпувачки преговори во Охрид – во вилата Билјана (оттаму и името Охридски) и беше практично замислен како рамка за иднината и правецот по кој ќе се движи Македонија – како држава, како општество и како демократија.
Во 2001 година, приоритетот беше јасен – да престане вооружениот конфликт и Македонија да остане една – унитарна држава. И, ова тогаш се наметна како императив.
Кога ќе се погледне од една временска дистанца, а 25 години не се малку, Охридскиот договор сѐ уште предизвикува политички емоции кога и да се спомене.
Дали е тоа документот што ја спасил државата од можен распад и обезбедил поголема рамноправност на Албанците и другите немнозински заедници во државава, како што го гледаат едни.
Или, пак, тој е симбол на големите отстапки што македонското мнозинство било принудено да ги направи.
Употребата на јазикот, примената на Бадентеровиот механизам и правичната и соодветна застапеност се трите темели на Охридскиот договор, негови синоними со кои се поистоветуваше за целиот изминат период од четврт век.
Пишува
Зоран ФИДАНОСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК