Што да се прави кога родоначалникот на македонската нација е значаен и за националните чувства на Бугарите?

by vlatko 00:00
00:00

Гоце Делчев е значаен и за едните и за другите, но не подеднакво. За Бугарија, тој е само еден од многуте револуционери, а за македонскиот народ еден и единствен. Ова го потврдуваат и историчарите и историските извори.

Поради тоа, не е случајно што заедничката историска комисија никако не може да донесе конечен заклучок за неговата дејност. Експертите советуваат дека Делчев е и премногу значаен за нашето колективно сеќавање за воопшто да може да се калкулира со неговото дело.

Тие советуваат дека комисиите не се најсоодветниот начин за подобрување на добрососедските односи со Бугарија, кои ни се неопходни за влез во ЕУ. Во таа насока, можеби е време да признаеме дека тој се декларирал за Бугарин, но само ако другата страна потврди дека се борел за слободата на Македонија и, како што вели внукот на Делчев, за одделна македонска нација!

Пишува
Дејан АЗЕСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК