Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за првпат во својата политичка кариера од 2002 година до денес, гостува со интервју за „Фокус“.
Причините за тоа, се разбира, се прозаични. Немало никаква кавга или недоверба помеѓу Ахмети и „Фокус“, но имало моменти кога новинарите на нашиот неделник не биле особено упорни да го интервјуираат челникот на интегративците, како и моменти кога тој поретко се појавувал во јавноста, па не бил баш достапен за интервју.
Во секој случај, ДУИ од своето формирање во 2002 година до денес е со мал прекин (1,5 година) на власт, а г. Ахмети е неизбежен коалициски партнер на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Со лидерот на ДУИ разговараме за неговото евентуално повлекување од кормилото на партијата, за можноста повторно да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ на следните избори, за случаите „Диво Насеље“ и „Монструм“, за актуелната состојба со СЈО и јавното обвинителство и за други дневно-политички и стратешки политички теми во Македонија и во регионот на Западен Балкан
Разговараше
Зоран ДИМИТРОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК