Шокирани сме од кражбата на нашиот идентитет!

by Фокус 12:23
12:23

Во потрага по гласачите од седум од 105-те лични карти со кои располагаше „Фокус“, откривме дека дел од нив, чии трошни куќи се наоѓаат во сиромашно маало на Бит-пазар во Општина Центар, се граѓани кои одамна не живеат овде, туку се иселиле во странство.

Некои, пак, се тука, но тие, нивните роднини или соседи, за „Фокус“, сведочат оти лажните лични карти со туѓи фотографии и на други адреси, очигледно се печатени со нивниот украден идентитет.

- Advertisements -

– Не можам да поверувам дека некој ги користел податоците на моето семејство. Зар е можно тоа? Па, ние сме гласачи во Центар, како сега со податоците на брат ми има уште две лични карти, и тоа едната во Гази Баба, другата во Куманово!?, вели братот на Јане Угуровски, чиј идентитет е искористен за две лажни лични карти.

– Искрено не знам каде ми е синот. Тој ме напушти мене и своите деца и изгледа замина некаде со девојка му… Немам начин да знам или да проверам дали некој го злоупотребува името на син ми, но знам дека тој не се појавува на избори, се пожали таткото на Елвир Сакиповски, чиј идентитет е, исто така, ставен на две лажни лични карти.

Пишува
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”