Видеата од социјалните мрежи со врзани крави, физички инциденти и апсење на сопственикот на кравите, дополнително ја вознемирија јавноста и ги отворија прашањата за долгогодишниот проблем и на мештаните и на сопствениците на кравите, за проблемите со безбедноста на граѓаните, животните и земјоделските површини, а најмногу од сè, за проблемот со непостапувањето на институциите формирани и финансирани од парите на граѓаните.
Има предлог и за свикување или определување кризна состојба, а веќе се известени и странските амбасади за овој проблем, кој во нормална земја со функционални институции не треба да заврши на насловните страни.
Но, системот повторно потфрла и не нашол трајно решение за стадото од безмалку 600 крави, кое според проценките од пазарот, во моментов вреди околу 1.000.000 евра.
Пишува
Орце КОСТОВ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК