Премиерот Христијан Мицкоски јавно потврди дека викендов на конгресот во Кавадарци ќе го добие третиот и воедно последен мандат како лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа значи дека владејачката партија дефинитивно ќе има нов лидер во 2029 година, но што доколку победи на следните парламентарни избори, чиј редовен термин е во 2028 година?
Ако на тие избори триумфира ВМРО-ДПМНЕ, а Мицкоски стане премиер, тој една година потоа ќе треба да го одржи зборот и да замине од челната позиција во партијата.
Дали во таква ситуација тој ќе продолжи да ја предводи владата, или, пак, новиот партиски лидер веднаш ќе стане и нов премиер?
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК