Режимот на Груевски е разјаден како во последните денови на Сталин и Хитлер!

by Фокус 14:24
14:24

Ристе Љуботенски потекнува од старо штипско и тоа политичко семејство. Влегува во политиката како младинец, во 1972 година. Во Белград ќе дипломира на Факултетот за политички науки за рекордни три и пол години, за на крајот и да докторира. Имал блиски релации со Киро Глигоров, но ја одбил понудата да остане во ЦК СКЈ во Белград.

Во повеќепартизмот, пак, ќе биде прв советник во кабинетот на Глигоров до 1993 година, кога заминува поради несогласување, пред сѐ со партизацијата на МВР.

- Advertisements -

Потоа и се посветува на науката, како професор на Геолошкиот факултет во Штип, каде што станал и прв доктор по еколошки науки. Неколку години подоцна влегува во бизнисот. Стартува со откуп и продажба на вино, а потоа организира и сопствено производство „Имако вино“. Како што вели, „живееме само од пласманот на македонското сонце надвор од Македонија“.

Д-р Љуботенски сака да истакне дека секогаш имал точни прогнози, а во интервју за „Фокус“ предвидува дека оваа власт што ја силува Македонија, што партијата ја претвори во легална мафија, какви било избори да има, ќе изгуби. Прашање е само која е цената што ќе ја платиме за катастрофалните политики.

Инаку, неговите колумни, кои ги објавува до 1997 година, ги собира во книга со оригинален наслов „Властитутки“. Ова е прв јавен настап на Љуботенски по многу години.

Разговараше
Јадранка КОСТОВА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”