Рејтингот на Груевски не вреди кај Катица

by irena 00:00
00:00

Една вообичаена анкета на ИРИ минатата недела одекна како вистинска бомба во политичкиот двор на опозицијата, налевајќи атомско погонско гориво во партиско-пропагандната машинерија на владеачката Фамилија, со закана да ја замолкне канонадата од бомбашкиот процес на Зоран Заев и да ги деморализира очекувањата на јавноста за политички промени по изборите в година.

Ако навистина работите стојат онака како што вели Меѓународниот републикански институт – дека разликата во поддршката кај граѓаните помеѓу инкриминираната врхушка која ја претставува владеачката ВМРО-ДПМНЕ и охрабреното и морално легитимирано лидерство на СДСМ е 24 наспрема 12 отсто, или два спрема еден, тогаш нека оди се по ѓаволите!?

Па, Груевски е во право оти народот не им верува на „бомбите“, нели?

Какво фијаско!?

Пишува
Зоран ДИМИТРОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”