Ракот коси во Гевгелија и Свети Николе, Тодоров загрижен за туризмот во Дојран!?

by fokus

ЗАГАДЕНАТА ВОДА – ЕКОЛОШКА „БОМБА“

Проблемот со загадената вода во Дојранското езеро беше само повод да ја отвориме темата – колку е загадена водата за пиење во другите градови низ Македонија, какви метали и отрови содржи и какви се болести предизвикува кај луѓето што ја користат? Веќе неколку години, невладини организации, лекари, активисти бараа од здравствените власти да го вклучат црвениот аларм за тревога затоа што секојдневно расте бројот на заболени од малигни заболувања особено во Гевгелија и Свети Николе. Но тие цело време ги игнорираат нивните апели и наместо да вложат пари за да се променат азбестните цевки од водоводот во Гевгелија, да се промени колекторот во Дојран и да испитаат зошто светиниколчани се уште пијат загадена вода и покрај новиот водовод, тие трошат вртоглави 10 милиони евра за да ја облечат во барокно руво зградата на Водовод и канализација во Скопје!

Пишува: Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”