Проект: Одговорно лидерство

by Фокус 18:50
18:50

„Бомбата“ посветена на партиските вработувања и местења функции само потврди дека во Македонија под јаремот на Никола Груевски, можат да работат, непречено да егзистираат и да напредуваат (во материјална и во професионална смисла) само неговите партиски поданици, кои се слепо послушни и дури подготвени на криминал и на разни незаконитости за име и во име на партиското раководство (иако најчесто се убедуваат себеси и околината дека тоа го прават за татковината).

Од друга страна, во една така „лабораториски“ креирана средина на полтронизам и клиентелизам, сите оние кои би се обиделе да се реализираат потпирајќи се на сопствениот потенцијал и надевајќи се на фер услови да го изразат, остануваат фрустрирани и во голем дел маргинализирани.

- Advertisements -

Тие се граѓани од „втор ред“ ако решат да останат во земјава или заминуваат во обид да ги зачуваат интегритетот и психата.

Пишува
Ида ПРОТУГЕР ВЕЉКОВИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”